Почитувани клиенти и соработници,
Тимот на Апекс-М со задоволство ве информира дека во 2022 година го одбележуваме нашиот 30 годишен јубилеј.
Оваа година ќе ни биде значајна и по тоа што потпишавме дистрибутерски договор со шведскиот производител на лежишта СКФ за дистрибуција на индустриската програма на цела територија на Македонија.
Како овластен дистрибутер на СКФ и како компанија која врши увоз и дистрибуција на лежишта, семеринзи, ремени, галови ланци, зегерови осигурачи сме поблиску до решавање на вашите барање преку поголем асортиман во нашата понуда, подобар рок на испорака и пониски цени.
Ви се заблагодаруваме на довербата и се надеваме дека во наредниот период ќе продолжиме заедно да остваруваме успешни приказни.
Со почит.
30 години движиме заедно со Вас
АПЕКС-М врши увоз и дистрибуција на лежишта, сeмеринзи, ремени, ланци и зегерови
осигурачи.
АПЕКС-М е Овластен дистрибутер на производите SKF во Република Македонија.
АПЕКС-М е Овластен дистрибутер на производите на брендот KYK.
Нашите Производи
Водечки во индустријата, го продаваме најсигурното и трендовско решение што го барате.
ЛЕЖИШТА
Лежиште е машински дел кој служи за водење на подвижните машински делови (оска,вратило) и пренесува надворешни оптеретувања или сила помеѓу овие делови и оние кои се во релативно движење со нив.
СЕМЕРИНЗИ
Семеринзите се осовински прстенести заптивки со цврст надворешен дел и еластичен внатрешен дел со кој се заптиваат ротирачките елементи.
КЛИНАСТИ РЕМЕНИ
Составени сe од крут но флексибилен матерјал отпорен на пукнатини.Полиестерските влакна обезбедуваат минимална растегливост, долг век на употреба, надолжна стабилност, отпорни се на топлина, гребнатини и имаат антистатичко својство.
ЛАНЦИ
Наменети за пренос на втрежни движења со најголеми можни оптоварувања , за погон на машини за обработка , земјоделски машини и како неодминлив квалитетен елемент во машиноградбата.
ЗЕГЕРОВИ ОСИГУРАЧИ
Се користат како ефикасни заштитувачи кои спречуваат неконтролирано движење на машинските делови во аксијален правец. Неопходни се за безбедно и непречено функционирање на машините и уредите.